понеделник, 8 декември 2025

Вицепремиерот Николоски бара одговорност за злоупотреба на тајните служби

Во врска со откритието на внатрешната контрола на Агенцијата за национална безбедност, дека по налог на претходен директор на АНБ биле оформени предмети за оперативни обработки насочени кон медиуми и новинари, денеска на својот Фејсбук-профил се изјасни и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Објавено на

часот

Сподели

Тој бара одговорност и процесирање на одговорните за злоупотреба на тајните служби, како предуслов за демократија во Македонија.

„Во опозиционите денови искажувавме сомнежи дека сме следени од тајните служби кои беа злоупотребувани од власта на СДСМ и ДУИ, а со нив и Стево Пендаровски.

Имавме сомнеж дека Агенцијата за разузнавање пишува клеветнички лажни извештаи до западните партнери и сојузници, а АНБ следела и прислушувала.

Тоа беше начин за политичка дискредитација кој не им успеа! Промените се случија на минатогодишните избори, а со тоа и патот кон расчистување во тајните служби и одговорност за оние кои ги злоупотребуваа!

Повикувам, Обвинителството ова да го истражи и одговорните да бидат процесуирани. Доста е од злоупотреби на тајните служби!“, наведува Николоски во објавата на неговиот Фејсбук-профил.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ