недела, 14 декември 2025

Вицепремиерот Меџити не знае дали АНБ го прислушувала

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, како и кандидат на Вреди за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите истакна дека нема информации дали и тој бил прислушуван од страна на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Немам информации. Не сум се занимавал со оваа информација“, рече Меџити одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета во населбата Гази Баба.

Вицепремиерот соопшти и дека се лишени од слобода навивачите кои вчера нападнале ученици во Тетово.

„Веќе се преземени мерки и бев во постојан контакт со органите за спроведување на редот. Тие се лишени од слобода. Ги осудувам овие случаи. Малку е чудно што секој пат за време на изборните кампањи од изборните циклуси се случуваат вакви случаи. Апелирам сите да бидат на ниво на одговорност. Ги осудуваме како дела и ќе има строг одговор од државата, какви и да се ваквите случаи што ја нарушуваат слободата на граѓаните“, рече Меџити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ