понеделник, 8 декември 2025

ВИ колектив Скопје – мрежа на визионери што ја обликуваат иднината со вештачка интелигенција

ВИ колектив Скопје официјално започна со работа и ја постави Македонија на глобалната мапа на заедници посветени на етичка, иновативна и одговорна примена на вештачката интелигенција.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа нова заедница ги обединува инженерите, истражувачите, претприемачите, академската заедница, креативците и лидерите од приватниот и јавниот сектор, создавајќи средина за учење, размена на знаење и развој на практични решенија во доменот на ВИ технологијата.

ВИ колектив Скопје е дел од глобалната AI Collective мрежа, која брои над 100.000 членови во повеќе од 50 градови ширум светот, и има за цел да биде центар на знаење, етика, иновации и колективна одговорност во корист на луѓето.

Тимот на AI Collective Skopje Chapter го сочинуваат истакнати професионалци од различни индустрии кои заедно ја движат визијата за создавање инклузивен, одговорен и иновативен екосистем за вештачка интелигенција во Македонија.

Тимот го сочинуваат: Моника Ризовска Таневска – Chapter Lead, Ана Марија Вуковска, проф. Владимир Трајковиќ, Д-р Миодраг Чекиќ, Ина Марковик, Валентина Димитриевска, Владимир Ристевски, Д-р Горан Стојановски, Емилија Ѓорѓевска, Моника К. Томашевска и Кристијан Томашевски.

Овој тим ги обединува експертите од технологија, образование, истражување, човечки ресурси, маркетинг, право и бизнис иновации, сектори каде вештачката интелигенција веќе создава значајни промени и нови можности. Секој член е избран со цел да го претставува својот сектор и да покаже дека вештачката интелигенција денес е присутна во секој сегмент од општеството – од наука, економија и образование, до култура, комуникации и јавен сектор.

На отворањето, Моника Ризовска Таневска ја претстави визијата за идниот развој на заедницата и потенцираше дека AI Collective Skopje ќе биде место каде технологијата, човекот и иновацијата се спојуваат за подобра иднина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ