Според договорот, Управата ќе има право да ја користи просторијата во деновите четврток, петок, сабота и недела, во термин од 14 до 17:30 часот, за реализација на службени венчавки.
Овој договор почнува да важи од 1 јуни и ќе трае до 31 декември 2025 година, со можност за продолжување по взаемна согласност на страните.
„Ова претставува значаен чекор кон унапредување на квалитетот на услугите за граѓаните, овозможувајќи им да го реализираат чинот на венчавање во посебен, достоинствен и незаборавен амбиент – во срцето на Скопје“, соопшти Управата за водење на матичните книги.