вторник, 6 јануари 2026

Велковски најавува изградба на Дом за стари лица во Кочани

До средината на јануари се очекува склучување на договор за изградба на старечки дом во општина Кочани, најави денеска заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Тој посочи дека станува збор за проект којшто ќе се реалзизира со помош на Владата, како дел од вториот повик за користење на средства од унгарскиот заем.

Велковски вели дека дополнително, потпишан е договор за изградба на старечки дом во Кавадарци, а се очекува да се надминат техничките проблеми за да почне со работа старечкиот дом во Пробиштип.

„Вториот кој веќе е распишан од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади на 31 декември е старскиот дом во Кавадарци. Во Пробиштип веќе има проект кој е добиен, но заради технички проблеми се чека за и тој да стане реалност. И уште неколку други се во фаза на разгледување“, вели Велковски.

Кога станува збор за домот за стари лица во Штип, потребно е надминување на сите правни елементи со цел граѓаните од трето доба да добијат место каде ќе може да бидат згрижени. Во моментов, објектот кој е изграден до фаза карабина има статус на дивоградба.

„Треба прво да се разрешат тие правни елементи кои не зависат од нас како Министерство“, вели Велковски.

Во Источниот планскиот регион, дом за стари лица има само во Берово, но неговиот капацитет не е доволен за граѓаните од регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ