вторник, 7 април 2026

Велковски: Националната стратегија за заштита од родово насилство ќе обезбеди систем кој ќе делува превентивно

Функционален систем, што нема да реагира само по настанување на насилството, туку ќе делува превентивно, ќе ги препознава ризиците на време и ќе обезбедува координирана и професионална поддршка на секоја жртва, е целта на Националната стратегија за превенција и заштита од родово базирано насилство врз жени семејно насилство 2026-2033. Тоа го истакна денеска заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски на јавната расправа за стратегијата на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.

Објавено на

часот

Сподели

Националната стратегија за превенција и заштита од родово базирано насилство и семејно насилство 2026-2033, според него, е стратешки документ што ја осликува јасната политичка определба на државата за нулта толеранција кон секој облик на насилство во врз жените и семејното насилство.

„Ова стратегија е резултат на институционална одговорност, меѓу ресоска соработка и свестност дека борбата против насилството бара долгорочен, системски и решителен пристав. Со неа воспоставуваме стабилна рамка за превенција, рана идентификација, ефикасна заштита на жртвите и јасна одговорност на сите институции во системот“, рече Велковски.

Тој, меѓу другото се осврна на реформите кои ги прави ресорното министерство за зајакнување на владењето на правото и континуирано унапредување на демократијата во целосната согласеност со меѓународните стандарди.

„Со донесувањето на законот за спречување и заштита од насилство во врз жените и семејното насилство се воспостави формален инструмент за реформи, изградба на капацитети и воспоставување ефективен систем за превенција, заштита и поддршка на жртвите. Направивме суштински исчекор со измените на кривичниот закон. За прв пат се воведе јасна дефиниција за родово базирано насилство во врз жените, се прошири поимот на жртва, се инкриминира фемицидот како квалификуван облик на убирство и се воведуваат нови кривични дела како демнеење, полово, вознемирување и осакатување на женските полови органи и присилната стерилизација“, истакна Велковски.

Тоа, нагласи, е јасна политичка порака дека насилството врз жените претставува сериозно кршење на човековите права и дека државата ќе нема толеранција за ваквите дејствија.

„Оваа реформа е доказ за нашата решителност во борбата против неказнивоста и сторителите, а воедно и заштита на достоинството вврз секоја жена“, додаде Велковски.

Учесниците на јавната расправа укажаа дека е потребно одржливо финансирање, координација меѓу институциите и социјалните сервиси, економска сигурност на жртвите, бесплатна правна и психо-социјална помош, програми за долгорочно закрепнување, посебни мерки за ранливи групи жени, жени со попреченост, постари жени, жени од рурални средини, како и обуки за службениицте од центрите за социјални работи, МВР, судии, обвинители, адвокати за поголем интегративен пристап и обезбедување брза превенција и правна помош на секоја жртва.

Савка Тодоровска од Национален совет за родова рамноправност препорача одржливо финансирање и институционално признавање на СОС линиите, особено на 141 700, односно воспоставување посебна буџетска линија и долгорочно финансирање за 24/7.

„Формален национален протокол за упатување, односно да се воспостави обврзувачки механизам за координација меѓу инситуциите и специјализираните сервиси со јасно дефинирана улога на СОС линијата 141 700. Минимален гарантиран пакет услуги за жртвите. Достапна бесплатна правна и психо-социјална помош, итно сместување и програми за долгорочно закрепнување и економско зајакнување. Користење на податоците од СОС линијата за креирање политики. посебни мерки за ранливи групи жени, сервиси за жени со попреченост, постари жени, жени од рурални средини и жертви на дигитално насилство“, истакна Тодоровска.

Анита Цоневска од организацијата „Жена“ од Делчево посочи дел од предизвиците со кои се соочуваат, нагласувајќи го недостатокот на сензитивност од специфичните потреби на жртвите од страна на оние што се на првата линија, МВР и центрите за социјална работа, слабости во меѓусекторската комуникација и документирање на случајот од релевантните чинители.

„Поголем дел од жртвите не пријавуваат насилство токму поради недовербата во институциите и страв од откривање на нивните лични информации и податоци. Предизвик ни е што руралните жени имаат ограничен пристап и едукативни материјали и превентивни активности“, нагласи Цоневска.

Елизабета Божиновска здружение ХЕРА, асоцијација за здравствена едукација и истражување смета дека како земја имаме голем напредок во делот на законска легислатива, стратегии и акциски планови, но оти недостасува спроведување.

„Главната препорака е насочена кон финансиските импликации, што ние како држава, а во однос на тоа што веќе го имаме идентификувано, е јазот на сервисите, кои недостасуваат на терен и инвестиција во специјализирани услуги не само во Скопје, туку насекаде низ државата“, рече Божиновска.

Наташа Андиу од Комисија за спречување и заштита од дискриминација смета дека превенцијата е многу важна,  но потребно е обезбедување видливост на сервисите за специјализирани услуги.

Стојан Мишев, здружение ЕСЕ ја нагласи потребата за промена од досегашниот пристап на државата на ова поле. Според него, неопходно е проактивни вклучување на Владата и Министерството за финансии. Тој се осврна дека покрај надминувањето на системските недостатоци паралелно потребо е решавање на економските последици.

„Паралелно со надминување на систематските проблеми е неоходно адресирање на економските последици од семејното насилство, генерално насилството врз жените. Економските последици од насилството се пречка за една жена да излезе од насилната заедница, да го пријави насилството, а оние што го пријавиле претставуваат пречка за да можат самостојно да продолжат со својот живот и да обезбедат соодветни животни услови за себе и за своите деца“, рече Мишев, додавајќи го и долгорочното решавање на проблемот со домувањето по насилството.

Пратеничката од СДСМ Јованка Тренческа смета дека Националната стратегија е добра основа за унапредување на системот на заштита и превенција од родовобазирано и семејно насилство. За успешна реализација и имплементација смета дека се неопходни акциски планови. Го поздрави вклучувањето на дигиталното насилство, препознавањето на говорот на омраза и сексистичките наративи, нагласувајчи дека е потребен видлив буџет за сите институции кои се задолжени во системот на превенција и заштита за семејно насилство.

Наде крчаковска од Црвениот крст забележа дека како посебна група на жртви опфатени се и повозрасните жени, кај кои постои ниска свест за препознавање на насилството.

За адвокатката Биљана Андонова, стратегијата е клучна за подобрување на капацитетите, а со тоа и спречување на големиот број жени жртви на родово базирано и семејно насилство. Очекува зајакнување на мултисекторска соработка, организирање обуки на службените лица од центрите за социјални работи, МВР, судии, обвинители, адвокати со цел поголем интегративен пристап и обезбедување брза превенција и правна помош на секоја жртва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ