вторник, 15 јули 2025

Велковски до социјалните работници: Вие сте вистинските херои на ова општество

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски присуствувал на настан по повод двојно одбележување на социјалната работа, Денот на социјалните работници , 10 јуни и Денот на социјалната работа кој беше неодамна.

Објавено на

часот

Сподели

„Целта на одбележувањето на овој ден е да се афирмира  значењето на социјалната работа  и улогата која ја имаат социјалните работници во различни подрачја на делување во нашата држава“, информираат од Министерството.

Во оваа прилика Велковски изразил благодарност до  социјалните работници за нивната пожртвуваност во работата за која што потенцирал дека не постои подобар начин да се опише оваа професија освен со зборот хуманост.

„На терен, ние знаеме дека предизвиците со кои се соочувате не се мали. Но вие не се откажувате, не се повлекувате. И секојдневната комуникација со вас ми покажува дека вие сте оние што ги имате решенијата, вие сте оние кои можат да најдат начин дури и кога изгледа дека нема начин. И во тоа, вашиот труд е непроценлив. Вие не само што ги менувате животите на оние кои ви се обратат, вие всушност го менувате духот на нашето општество, градите мостови меѓу луѓето, ја обезбедувате шансата за утре за оние кои сега се изгубени“, истакнал Велковски.

Тој се осврнал и на заложбите на Министерство за создавање на систем кој ги поддржува социјалните работници во вршењето на нивната мисија.

„Да обезбедиме подобри услови за работа, да обезбедиме ресурси и обуки кои ќе ви овозможат да се соочувате со сите предизвици кои се појавуваат. Вие сте вистинските херои на ова општество. Ви благодарам од срце и ви посакувам многу успех во вашата хумана работа“, порачал Велковски.

Настанот насловен „Ја славиме социјалната работа – за трајна благосостојба, заедничка иднина и силна солидарност!“ беше во организација на Здружението на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, а на него покрај социјални работници присуствуваа и професори од Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет, Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ