среда, 28 мај 2025

Велигденски донаторски настан – вработените на ЕВН за Кочани

Во пресрет на Велигденските празници, вработените на ЕВН Македонија организираа донаторски настан под мотото „Од нас за Кочани“ на кој се приклучија и вработените на Електродистрибуција.  Целта на организацијата беше собирање на средства за настраданите од пожарот во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

Настанот се одржа во просториите на дирекцијата на ЕВН Македонија. Дел од вработените подготвија вкусни домашни велигденски специјалитети кои беа купувани од страна на останатите колеги со цел понатамошна донација на средствата.

Ова е втор донаторски настан од вработените на ЕВН Македонија. Првиот се организираше за време на новогодишните празници минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ