Според објавеното соопштение од Основен суд Велес, физичкото лице е осомничено за тешки дела против општата сигурност, а осомничената фирма за предизвикување опасност при градежни работи.
Обвинението уследува по речиси три години од уривањето на дел од зградата на Работничкиот универзитет во Велес.
Велешкото обвинителство го поднесе обвинението по извршеното градежно вештачење, економско и електронско вештачење, како и извршениот распит на лицата и обезбедената документација за работните машини.
Инаку зградата на Работничкиот универзитет е изградена меѓу двете светски војни во 1920 година и е во државна сопственост. Вработените во Работничкиот универзитет бараат од велешкиот Основен суд што поскоро да го осуди виновникот за уривањето на зградата во која работеа и да им наложи мерка истите да ја реконструираат зградата и да ја вратат во првобитната состојба.
Тие првично од страна на Општина Велес беа сместени да работат во руинираната зграда на поранешното основно училиште Јордан Хаџи Константинов-Џинот, но беа често ограбувани, па затоа решија самите на своја сметка да изнајмаѕ простории во центарот на градот, каде моментално функционираат.