Според Љупчо Милошески, кореограф во КУД „Илинден“ и дел од организацскиот тим, градот на мостовите и годинава ќе биде мост на различни култури и традиции.
„Годинава ќе може да уживаме во програмата подготвена од страна на домаќините, КУД „Илинден“, како и нашите пријатели од Вевчани, Кичево, Крива Паланка, Битола и две друштва од соседна Србија“, ифнормира Милошески.
Tрадиционално, манифестацијата ќе почне со свечено дефиле на учесниците низ градот, а покрај домаќинот КУД „Илинден“, учество ќе земат и културно уметничките друштва „Дримкол“ од Вевчани, „8-ми Октомври“ од Крива Паланка, „Гоце Делчев“ и ансамбал „Божилак“ од Битола, како и фолклорните друштва „Бранко Радичевиќ“ и „Цариброд“ од соседна Србија.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и е од категоријата проекти од национален интерес.






