недела, 7 декември 2025

Вечерна обиколка на Скопје на премиерот и градоначалникот

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски синоќа беа во обиколка на главниот град.

Објавено на

часот

Сподели

„Вечерна обиколка на Скопје со премиерот Христијан Мицкоски, кое сега конечно личи на метропола, како што доликува. Улиците и плоштадите чисти, полни со посетители – ја нема онаа лоша слика на која навикнавме. И никогаш повеќе нема да се повтори“, напиша на неговиот фејсбук профил градоначалникот Ѓорѓиевски.

Во рамки на обиколката двајцата го посетиле и местото на кое некогаш беше Луна паркот, за кој, како што додава Ѓорѓиевски, наскоро ќе почне постапка за реализација.

„Го посетивме и она што долги години му треба не само на Скопје, туку и на Македонија – Луна паркот за кој наскоро започнуваме постапка за негова реализација. Најдоброто, доаѓа“, стои во објавата на Ѓорѓиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ