недела, 7 декември 2025

Вечер во Штип ќе се прави ѕвездено небо во чест на починатиот Панчо

Ѕвездено небо во чест на Панчо, вечерва во 20 часот во Штип. Граѓаните ќе се соберат на Градскиот плоштад Слобода за да му оддадат почит на Владимир Блажев – Панчо, кој вчера, по речиси седум месеци од трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, им подлегна на повредите и почина.

Објавено на

часот

Сподели

Затоа, во негова чест, под отворено небо, Штип ќе застане во тишина и светлина за младиот човек кој зад себе остави неизбришлива трага меѓу пријателите, семејството и целата заедница. Настанот, организиран под мотото „Ѕвездено небо во чест на Панчо“, претставува симболичен гест на благодарност и сеќавање, велат организаторите.

Повикот се шири масовно преку социјалните мрежи, со силна порака: „Небото да блеска како што Панчо блескаше со сите нас.“

Организаторите ги повикуваат сите – и оние што го познаваа, и оние што сакаат да изразат сочувство, да дојдат и заеднички да го осветлат небото во негова чест.

Панчо е 63. жртва од пожарот во кочанската дискотека Пулс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ