Судската власт од денес е под лупа! Бараме непристрасен, професионален и целосно транспарентен судски процес ослободен од политичките канџи, напишаа на својот инстаграм профил од „Кој е следен“.
„Оние кои денес ќе се облечат во црните тоги имаат обврска да покажат интегритет, храброст и почит кон законот. Ќе одолеат ли на притисоците од центрите на моќ или уште еднаш ќе ја потврдат недовербата на граѓаните? Правдата за сите жртви од пожарот во Кочани не е желба – туку должност. Правда мора да има! Ве гледаме“, напишаа од „Кој е следен“.
Утрово во судницата во затворот Идризово во Скопје започна судскиот процес за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани што се случи на 16 март годинава каде што загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
View this post on Instagram






