среда, 14 јануари 2026

Василица ја слават и Македонците во Пустец и Корча

Единствената македонска партија во Албанија,  Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), во соработка со Патриотското друштво од Скопје, по повод Стара Нова година – Василица, со новогодишни пакетчиња ги израдува децата од македонско потекло во Корча и во Општина Пустец.

Фото: МАЕИ

Објавено на

часот

Сподели

Во Пустец, пакетчињата беа поделени во  училиштето „Митре Колефски и Трајан Ѓорѓиефски“.

Во име на МАЕИ, пакетчињата ги подели Атанас Плоча, заменик-градоначалник на Општина Пустец, кој  истакна дека ваквите активности имаат посебно значење за зачувување на македонската традиција меѓу најмладите.

„Посебно ми е драго што по повод Старата Нова година – Василица, заедно со МАЕИ и Патриотското друштво од Скопје, успеавме да им приредиме мал празник на нашите деца. Радоста во нивните очи е најголемата потврда дека ваквите акции се потребни и значајни“, изјави Плоча.

Порача дека МАЕИ и понатаму ќе продолжи со активности насочени кон поддршка на македонската заедница во Албанија.

Од МАЕИ информираат дека акцијата ќе продолжи и во областа  Голо Брдо, каде исто така ќе бидат поделени пакетчиња за децата од македонско потекло, со цел празничната радост да стигне до што повеќе дечиња.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ