понеделник, 8 декември 2025

Василевска: ВМРО-ДПМНЕ ги креираше своите програми за локални избори според приоритетите и потребите на граѓаните

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и координатор на Републичките комисии на партијата проф. д-р Иванка Василевска во панел-дискусија на тема: Креирањето на програмите на кандидатите за градоначалници”, организирана од страна на Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“ на ВМРО-ДПМНЕ, зборуваше за тоа кои се најголемите предизвици при составувањето на програма за локалните избори и придонесот на граѓаните при составувањето на истата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Пратеничката Василевска најнапред ја истакна комплексноста и сериозноста на самиот процесот за изработка на програма за локални избори од причини што во себе содржи повеќе програми за локални избори, бара соодветно методолошко структурирање на предлог-програмите, како и соодветен избор на кандидати/ки за градоначалници и советници на советнички листи во општините. Василевска ја стимулираше и неопходноста од синергија во целокупниот процес, а со цел задоволување на потребите на најважниот чинител-граѓанинот.

„Досега одиме на добар пат. Она што можеме да го забележиме и од реакциите на граѓаните е дека сакаат да ги дадат своите идеи, пристапуваат до нас, нè препознаваат и навистина сето ова се правеше заеднички, со еден многу широк аудиториум и цениме дека истиот на крајот ќе вроди со вистински плод“, додаде Василевска.

Пратеничката во продолжение се осврна и на основните постулати на коишто треба да почива локалната самоуправа, како и поддршката што Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ ја дава на локалните власти за реализација на капитални проекти за локален развој.

„Во суштината на сите овие програми се гледа човекот, се гледа човечкото битие и се гледаат оние основни постулати врз основа на коишто и се гради локалната самоуправа. како многу значаен фактор во современиот свет. Тука мислам пред сè на нула корупција, многу работа, проникливост, бидејќи нашите градоначалници и генерално сите градоначалници во Република Македонија имаат можност да развиваат проекти со огромна поддршка од страна на Владата. Но треба да имаат и сенс – менаџерски сенс, да знаат како да се ‘избоксуваат’, да добијат донации, да направат и повеќе од она што го понудиле во програмата, за тоа да би се почувствувало. И верувајте дека добриот збор насекаде се слуша. А доброто работење, а пред сè чесниот и непосреден пристап со граѓаните, доведуваат до тоа да може и она што ќе се појави како проблем во текот на патот – лесно да се санира“, рече Василевска.

Пратеничката зборуваше и за Законот за локална самоуправа, којшто е во завршна фаза во Собранието и новините што ги предвидува истиот, како можноста за референдумско отповикување на градоначалниците, облигаторноста за онлајн- емитување на општинските седници и задолжението на градоначалниците и претседателите на советите за задолжителен прием на граѓани еднаш неделно. Професорката Василевска резимираше дека сето ова е во насока на развој на плурализмот и демократските вредности, чијшто стожер впрочем е партијата на ВМРО- ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ