понеделник, 8 декември 2025

Василевска: Системски реформи за засилување на европските интеграции

Европратеникот Карло Реслер и македонската пратеничка Иванка Ваилевска, како копретседавачи со Мешовитиот парламентарен комитет (МПК), со своите воведни излагања ја отворија првата работна сесија на 24-от состанок на МПК во Европскиот парламент во Стразбур, Франција.

Објавено на

часот

Сподели

„Во моето воведно обраќање истакнав дека како држава целосно сме посветени на спроведувањето на Реформската агенда и на Планот за раст на Европската Унија. Во таа насока, најновиот Извештај за проширување на Европската комисија дава позитивен осврт на нашата ангажираност и на конкретните резултати постигнати во рамките на Планот за раст на Западен Балкан.

Благодарение на позитивните оценки, ние бевме првата земја од Западен Балкан што доби претфинансирање во рамките на Програмата за реформи и раст на ЕУ, во износ од 52,4 милиони евра оваа пролет, а до ноември 2025 година, исто така обезбедивме две дополнителни исплати базирани на перформансите. Започнавме со работа на сите четири столба на Планот – поблизок пристап до единствениот пазар на ЕУ, посилна регионална интеграција, клучни реформи и зголемена финансиска поддршка. Истовремено, усвоивме Агенда за реформи, фокусирана на подобрување на управувањето и јавната администрација, унапредување на зелените и дигиталните транзиции, зајакнување на човечкиот капитал, подобрување на деловното опкружување и почитување на основните права и владеењето на правото“, рече Василевска.

Таа нагласи дека Собранието во изминатиот период усвои клучни реформски закони, вклучувајќи го Законот за систем на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, законите за административни службеници и за вработени во јавниот сектор, со кои се подобрува начинот на избор на државни службеници и управувањето со човечки ресурси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ