вторник, 24 февруари 2026

Вашата приватност е ваше право, a „Самсунг“ утре ќе претстави решение на проблемот со љубопитните лица околу вас

Животот во брзото урбано секојдневие често значи дека нашите паметни телефони се постојано со нас – во преполниот јавен превоз, додека чекаме ред во банка или се возиме во тесни лифтови. Овие уреди се нашите најлични, најинтимни простори, каде ги чуваме нашите семејни фотографии, приватни разговори и доверливи податоци. Но, реалноста е дека токму на овие места нашето ниво на приватност е најмало. Секој од нас го почувствувал оној непријатен поглед од зад грб кој „ѕирка“ во нашиот дигитален свет. „Самсунг“ (Samsung), како компанија која ги става потребите на корисниците во центарот, најавува пресврт кој ќе ги израдува сите – ново ниво на мобилна приватност која го прави „ѕиркањето“ невозможно.

Објавено на

часот

Сподели

Технологија која ве штити од љубопитни погледи

Овој напредок не е случаен. По пет години интензивно инженерство и проучување на навиките на луѓето, „Samsung“ создаде фузија од хардвер и софтвер која е експертски калибрирана да ве заштити без да ви пречи во користењето. Новото ниво на приватност ви овозможува да ги проверите вашите пораки или да внесете лозинка додека сте во гужва, без да размислувате кој би можел да види. Она што е најдобро е што заштитата е флексибилна, односно самите бирате дали сакате целосна заштита за сите апликации или само за оние кои содржат најчувствителни информации. Дури и прегледот на известувањата може да биде прилагоден така што неговата содржина ќе биде видлива само за вас. Со ова, „Samsung Knox“ безбедносниот систем добива нова димензија на „приватност на ниво на пиксел“. Вистинска безбедност која можете да ја почувствувате, а само вие да ја видите.

Камерата како ваш нов најдобар пријател

Покрај безбедноста, „Samsung“ носи и вистинска револуција во светот на фотографијата. Колку пати сте сакале да направите совршена слика, но условите не биле на ваша страна? Новата „Galaxy AI“ камера ги обединува снимањето и уредувањето на една интуитивна платформа. Сега, секој ќе може да направи професионална фотографија богата со детали, дури и при најслаба светлина. Сакате да ја поправите фотографијата каде фали дел од објектот? Или сакате да ја претворите дневната фотографија во вечерна за само неколку секунди? Со новите AI алатки, ова ќе биде едноставно, сѐ што треба да направите е да опишете што сакате со само неколку зборови. Креативноста веќе не е ограничена од вашите технички вештини, туку станува природна и забавна.

Не ја пропуштајте шансата – регистрирајте се! Утре, на 25 февруари, светот ќе го види следното поглавје на мобилната интелигенција на настанот „Galaxy Unpacked“. „Samsung” ги повикува сите заинтересирани да бидат меѓу првите што ќе ги откријат овие новости. Регистрирајте се на линкот samsung.com/unpacked пред 25 февруари и како специјална поволност, при купување на еден од новите „Galaxy” уреди кои ќе ги видиме утре вечер, ќе добиете вреден ПОДАРОК: „Samsung“ магнетен безжичен полнач од 25W. Време е за
технологија која ве разбира и ве штити.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ