вторник, 9 декември 2025

Вардариште пак гори, жителите на Ново Лисиче пак се жалат на смрдеа

Депонијата Вардариште пак гори. Од утрово жители на скопската населба Ново Лисиче пак се жалат на неподнослива смрдеа. Не можеме прозорците да ги отвориме, велат тие. Учениците на ОУ „Лазо Ангеловски“ на спортските терени имаат час по физичко. А лекарите забрануваат каква било физичка активност кога е опасно загаден воздухот. Но, никој не кажува колку е загаден воздухот.

Објавено на

часот

Сподели

Пред неколку дена имаше голем пожар во Вардариште, по што противпожарните служби го изгаснаа. Повторно се отвори темата Вардариште, но огнот очигледно тлеел и утрово во тој дел од главниот град пак смрди. Жителите велат – неподносливо е веќе, смрдеата никогаш и не престанала.

За денес во 18 часот повторно е закажан протест со блокирање на раскрсниците во Аеродром.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ