И реката Црна бележи зголемен водостој утрово. Во нејзиниот слив се можни локални заезерувања во Демирхисарско и во Пелагонискиот регион во текот на денов.
Водостојот на реката Кичевска полека се повлекува, но и таму остануваат заезерени и поплавени површини.
До крајот на денот се очекува висок водостој на реката Вардар во горното и во средното течение, како и зголемувања во долното течение на реката кон Демир Капија и кон Гевгелија.
Од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.






