Не знам кој им ги пишува честитките за верски празници, но Филозофскиот факултет се „усовршува”. Сега порачува дека верските се и академски вредности.
На факултет што мора да биде секуларен и да има почит за фактот што на него студираат студенти и работат професори со различни вероисповеди. Не го разбирам молкот на 100-тина професори што мислат дека е ова во ред.
Притоа, ниту ЕДНА антивоена порака не пратија ако се толку по вредностите. Но, како да пратат кога во САД и НАТО се крстат, вели проф. д-р Ванковска на верската објава на Филозофски факултет, првата научнообразовна институција во Република Македонија, која го честита Велигден велејќи дека потсетува на вредностите важни во академската заедница.






