„Ова е жален и вандалски чин врз споменикот на децата бегалци кој е поставен тука уште во 1988 година. Овој споменик е симбол на една голгота, на откорнати деца од родните огништа. Апелираме во МВР до и до министерот Панче Тошковски да ги преземат сите потребни мерки и да се најде сторителот“, вели Евгенија Николовска, претседателка на Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија- Скопје.
Споменикот е посветен на егзодусот на над 20.000 деца–жртви од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.
