„Во изминатиот период, модуларната болница во Штип неколкупати е мета на намерни оштетувања. Непознати сторители саботираат делови од електричната инсталација, со сериозен ризик да предизвикаат краток спој и пожар. Со тоа директно се загрозува здравствениот персонал и безбедноста на објектот, посакувајќи намерен пожар“, вели во фејсбук статусот Захариев.
Тој истакнува дека овие вандалски акти ја успоруваат и одложуваат планираната реконструкција и унапредување на модуларната болница, која треба да обезбеди подобри услови за згрижување на пациенти и работа на медицинскиот кадар.
„Станува збор за сериозна закана која бара итна и решителна реакција“, вели Захариев.
Тој во телефонска изјава вели дека случајот е пријавен во Полиција. Инаку болницата во изминатата година десет пати има пријавувано дека некој влегувал и крадел делови и инвентар од модуларната болница.