понеделник, 6 април 2026

Вајц од Европскиот парламент бара да се разјаснат нејаснотиите во Протоколот со Бугарија

На иницијативата на известувачот за Македонија Томас Вајц, во Европскиот парламент е испратен „нон-пејпер“ за целосно расчистување на нејаснотиите во Протоколот со Бугарија. Прашањето кое Вајц го поставува е дали вториот протокол е обврзувачка компонента на преговарачката рамка на ЕУ или само билатерален инструмент меѓу земја-членка (Бугарија) и земја-кандидат (Македонија) без директно правно дејство во Унијата, повикувајќи се на членовите 2 и 49 од Договорот за ЕУ за почитување на човековите права.

Објавено на

часот

Сподели

Барањето е поврзано со амандманот 108 за извештајот за Македонија и ги повикува политичките групи да обезбедат најширока поддршка за негово усвојување во Комитетот за надворешна политика (AFET) во мај.

„Доколку протоколот содржи идентитетско-политички услови (толкувања на историјата, лингвистичка класификација, содржина на учебници), ова може да биде во конфликт со заштитата на македонскиот национален идентитет и јазик што самата ЕУ постојано го признава. Ниту една друга кандидатура за пристапување не е оптоварена со споредливи барања за идентитетско-политички прашања од една земја-членка. Ова го поставува прашањето дали структурниот диференцијален третман на земјите-кандидатки во процесот на пристапување е компатибилен со општиот принцип на еднаквост“, стои во документот.

Во март годинава известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц, побара од правната служба на Европскиот совет итно да ги разјасни сите двосмислености околу правниот статус на вториот Протокол од Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија во врска со процесот на пристапување на земјава. Вајц тогаш практично побара Европскиот совет да каже дали со заклучоците од 2022 година каде што се споменува Протоколот, но не како задолжителен услов, може да биде нов услов за евроинтеграциите на Македонија.

Според „нон-пејперот“ постојат два начина за покренување на постапката – преку земја – членка или претседателството на ЕУ и втората опција – Европарламентот формално преку резолуција да го повика Советот за мислење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ