Настанот ќе почне околу 12 часот на Крушарскиот мост, кај Паркот на Револуцијата, каде секоја година се собираат голем број граѓани.
Спуштањето на крстот ќе го изврши Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на свештеници од храмот „Св. Вмч. Георгиј“ – Кочани.
Пред настанот, во 10:45 часот, ќе се одржи литија од црквата кон паркот.
Годинава средствата собрани преку традиционалната лицитација на икони ќе бидат наменети за довршување на храмот „Св. Преображение“ кај Атомските згради во Кочани, чија изградба е во завршна фаза. Лицитацијата ќе се реализира во 10:15 часот, по завршувањето на утринската богослужба.
Од храмот „Св. Вмч. Георгиј“ информираат дека во тек е пријавувањето на учесници кои сакаат да скокаат по светиот крст.
За учество потребно е кандидатите да бидат полнолетни жители на Кочани, крстени во православната вера и да поседуваат лекарска потврда за здравствена состојба.






