„Веќе имавме разговори со претседателката во понеделникот на оваа тема. Тие разговори очекувам да ги продолжиме. До крајот на неделата ќе биде јасна позицијата. Очекувам в понеделник да биде информирано и Собранието. На 20 мај има седница, разговарав и со претседателот на Собранието за дополнување на дневниот ред тогаш, така што рокот ќе биде почитуван“, вели премиерот Мицкоски.
Седумгодишниот мандат на сегашната гувернерка Ангелова-Бежовска истекува на 21 мај и таа има право на реизбор.
Неофицијално кандидати се поранешните министри за финансии Зоран Ставрески и Трајко Славевски, актуелната гувернерка Анита Ангелова-Бежовска и поранешната вицегувернерка Маја Кадиевска‑Војновиќ.