понеделник, 19 мај 2025

В петок почнува судењето на возачот кој на пешачки ја усмрти Фросина Кулакова

На 9 мај, петок, почнува судењето на Васил Јованов (20), возачот кој на пешачки премин ја усмрти 22 годишната Фросина Кулакова. Случајот ќе го води судијката Снежана Марковска. Јованов ќе одговара за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот за кои е запретена максимална затворска казна до 20 години.

Објавено на

часот

Сподели

На 29 јануари Кулакова пред полноќ минувала на пешачки премин и вклучено зелено светло на семафорот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, кога во неа со возило „пежо“ удрил Јованов. Тој во крвта имал 0,80 промили алкохол, без возачка дозвола, поминал на црвено и се движел со брзина од 91 километар на час.

„Со предниот лев дел од возилото кое го управувал удрил во телото на пешакот Фросина Кулакова, која поминувала на обележан пешачки премин и зелено светло за пешаци.Од силата на ударот, оштетената се издигнала во воздух и удрила во семафор, поставен на разделното пешачко стојалиште, па се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на лице место“, се вели во обвинението против Јованов.

Јованов е во притвор, а во друга постапка ќе му се суди и на неговиот татко, Зоран Јованов, кој е Обвинет за предизвикување општа опасност бидејќи повеќе од две години му дозволувал на својот син да управува автомобил без возачка дозвола. Во тој период, младиот Јованов сторил 11 сообраќајни прекршоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ