недела, 8 јуни 2025

В недела трка „Прв до врв“, посебен режим на сообраќајот во Скопје

На 18 мај (недела) во организација на здружението за спорт и рекреација „Прв до врв – Скопје“, ќе се одржи тринаесеттото издание на традиционалниот спортско рекреативен настан насловен како „Прв до врв“, со почеток во 9:45 часот.

Објавено на

часот

Сподели

Велосипедската трка ќе почне од пред Музејот на град Скопје – ул.„Св. Кирил и Методиј“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“, во продолжение право по бул.„Мајка Тереза“, лево по ул.„Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски Крст“) и траса на движење на планинарите со почеток во 10 часот од пред ОУ „Кочо Рацин“ на бул. „Мајка Тереза“, право по ул.„Тодор Александров“ и кај ул.„Салвадор Аљенде“ десно по планинската патека кон Средно Водно, од Средно Водно кон Врв на Водно („Милениумски крст“) во Скопје.

Од МВР информираат дека ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ