Граѓаните можат да ја пронајдат услугата директно на следниот линк:
https://uslugi.gov.mk/service-details.nspx?serviceId=5737
Министерството за внатрешни работи во текот на неколку месеци дигитализираше дел од своите услуги за граѓаните кои граѓаните веќе секојдневно ги користат за нивните потреби и тоа: апликација за дозвола за оружје, потврда за моментална сопственост за возила за физички лица, потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за физички лица, потврда за моментална сопственост на моторни возила за правни лица, потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за правни лица.
„Министерството ги активира сите свои капацитети со цел да овозможи дигитализација на сè поголем број услуги за граѓаните во иднина“, велат од МВР.






