Веќе е познато дека тоа се компаниите Алфафарм, Грин лајф, ЦБД Медплант, Лајф плант, Ата фарм и Канабиноидс.
Лиценците се одземени поради констатирани низа недоследности, а сега се знае кај секоја фирма поединечно, какви неправилности се утврдени.
Алфафарм – констатиран кусок на сув цвет, необезбедено физичко обезбедување и видеонадзор.
Грин лајф – констатиран кусок на сув цвет и несоодветно пакување на сувиот цвет во сеф-соба.
ЦБД Медплант – кусок на сув цвет во сеф-соба и недоставување целосна документација до Комисијата за купопродажба (доставено е само известување за транспорт).
Лајф плант – недостиг на видеонадзор во внатрешните простории, необезбедено физичко обезбедување согласно законските услови и недоставување документација за купопродажба на сув цвет.
Ата фарм – непостоење соодветен стручен кадар и необезбедено физичко обезбедување и видеонадзор.
Канабиноидс – неисполнување на законските услови, недостиг на кадар, обезбедување и видеонадзор, како и констатирани несоодветни активности во дворот на правното лице (продажба на возила).






