Според утврдената листа, пријавени се 16 кандидати, од нив седум за претседател на Државната изборна комисија, кои во своите кандидатури навеле и можност за избор за потпретседател или само член на ДИК.
По објавениот оглас Абдуш Демири, дипломиран економист и магистер по економски науки, финансии од село Непроштено – Теарце, се пријавува за потпретседател, Бојан Маричиќ, дипломиран правник и магистер по меѓународно и европско право и современи европски студии од Скопје, се пријавува за претседател или член, Александар Даштевски, дипломиран правник од Скопје, се пријавува за член, Ангелчо Ристов, дипломиран правник и магистер по административно право и јавна администрација од Делчево, се пријавува за член, Викторија Аврамовска Мадиќ, дипломиран правник и магистер по правни науки од Скопје, се пријавува за претседател.
На листата на кандидати е и Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од с.Чајле, Гостивар, кој се пријавува за претседател, за потпретседател или член, Светлана Карапетрова – дипломиран економист и магистер по економија, финасии, сметководство и ревизија од Тетово, се пријавува за член, актуелниот претседател на ДИК – Борис Кондарко кој е дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, се пријавува за член, Марија Митановска Димовска – дипломиран правник од Скопје, се пријавува за член, Дитмире Шеху – дипломиран правник од Гостивар, која е дел од постојниот состав на ДИК, се пријавува за член, Даниела Маркоска – дипломиран правник од Скопје се пријавува за претседател, Елита Шуки – дипломиран правник со положен правосуден и нотарски испит од Скопје се пријавува за претседател, за потпретседател и член, потоа Добре Јанчев – дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, се пријавува за претседател и за член, Бети Ѓорѓиеска – дипломиран инженер по електротехника од Скопје, се пријавува за член, Ивана Костадиноска – дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, се пријавува за член и Благоја Гешоски – дипломиран дефектолог, доктор на дефектолошки науки од Прилеп, се пријавува за претседател, за потпретседател и член.
Утврдената листа на кандидати за претседател, потпретседател или член на Државната изборна комисија, ќе биде доставена до претседателот на Собранието.
На денешната седница, Комисијата за прашања на изборите и именувањата ги прифати барањата за остварување право на плата на Селим Адеми и Весна Дамева по престанок на функцијата – член на Судскиот совет на Република Македонија, како и барањето на Ментор Јакупи за остварување право на плата по престанок на функцијата – член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.






