понеделник, 29 декември 2025
Време

Утрово насекаде минусни температури, најстудено во Крушево -8 степени

Утрово во земјава e ведро и многу студено, најниска температура е измерена во Крушево – 8 Целзиусови степени, а во Битола, Прилеп, Маврови Анови и Крива Паланка – 7. Во Тетово, Пожаране и Берово измерени се -6, во Претор, Охрид и Попова Шапка -5, – 4 во Виница, -3 во Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарц и Куманово, -2 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, -1 Штип и 3 Гевгелија, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималните температури ќе се движат од 6 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ