Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до осум степени.






