Како што најави УХМР, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа со зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 Целзиусови степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.






