За изминатите 24 часа, до 7 часот утрово најмногу врнежи од дожд од 15 литри на метар квадратен се измерени во Гевгелија, потоа 11 во Пожаране, 7 – Маврови Анови, 6 – Пожар-Радовиш, 5 – Тетово, Крушево, 4 – Лазарополе, 2 – Струмица, Битола и 1 л/м2 во Претор.
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.






