четврток, 2 април 2026
Време

Утрово најстудено на Попова Шапка и Маврово

Најстудено утрово e на Попова Шапка, -1 Целзиуов степен, каде што има и снежна покривка од 72 сантиметри. Како што информира УХМР,  1 степен утрово е во Mаврови Анови, 2 во Kрушево и Лазарополе, 4 степени во Претор, 5 во Охрид и Берово, 6 степени во Крива Паланка, Битола и Прилеп, 7 во Тетово, 8 во Скопје – Петровец, Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Велес, Штип, Виница, Кавадарци, Демир Капија и Струмица и 9 степени во Гевгелија.

Објавено на

часот

Сподели

Во изминатите 24 часа, најмногу дожд (40 литри на квадратен метар) наврнал во Mаврови Анови, 35 на Попова Шапка, 17 во Битола, 13 во Kрушево, 8 литри во Демир Капија, Гевгелија и Пожаране, 7 во Скопје – Петровец, Скопје – Зајчев Рид и Лазарополе, 6 во Претор и Пожар-Радовиш, 5 литри во Крива Паланка, Тетово и Прилеп, 4 во Куманово, Велес и Кавадарци, 2  во Виница и Струмица и 1 литар на квадратен метар во Штип, Ѓуриште и Тополчани.

Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 литри на квадратен метар), на повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне  10 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ