вторник, 15 јули 2025

Утрово е приведен струмичкиот бизнисмен Крмзов, близок до Заеви

15 правни лица и 23 физички се опфатени во предметот кој Бирото за јавна безбедност на МВР, Министерството за финансии – Управата за финансиска полиција и Управата за јавни приходи утрово почна да го отвора. Како што дознава МКД.мк, по налог на јавен обвинител БЈБ утрово приведе неколку лица меѓу кои и Ристо Крмзов, познатиот струмички бизнисмен, близок соработник на поранешниот премиер Зоран Заев.

Објавено на

часот

Сподели

Се работи за разоткривање на политичко-криминална структура која преку фиктивно прикажување на добивки и симулирано плаќање на даноци, наплатувала огромни суми на поврат на ДДВ. Со помош на фиктивни фирми, непостоечки физички лица од Косово и други земји, се оформувале лажни трансакции како параван за изигрување на законот. Украдените пари, преку монтирани државни исплати, завршувале во приватни џебови, а потоа се переле и легализирале преку градежниот сектор, кој со години беше омилен канал за перење пари.

Крмзов е познат бизнисмен во Струмица кој долги години профитираше од блиските врски со политички и економски центри на моќ. Заштитен од политичката и бизнис елитата Крмзов стана симбол на струмичката бизнис-политичко-криминална групација.

Во целиот овој случај опфатени се и приватизации на државен имот, сомнителни одобренија за градби, кредити од домашни и странски банки, префрлање имот на блиски фирми и роднини, конекциите со фирмите и капиталот на поранешни градоначалници и премиери…

Уште лани во септември беше објавено дека милиони евра биле префрлани на сметки во Турција преку пропаднатата Еуростандард банка. Префрлени биле над 8 милиони евра пари од Еуростандард на турски сметки. Во оваа шема биле вмешани повеќе струмички компании меѓи кои биле и фирмите на бизнисменот Ристо Крмзов. Тогаш беше објавено дека има сомневања дека Крмзови биле во спрега со Јавното обвинителство, бидејќи предмети за кои имало сомневање за сторен криминал според сознанијата биле чувани во фиока.

Во целиот овој систем биле вмешани и вработени во Царинската управа. За еден камион увезена стока се плаќало царина од само 1.500 евра. Цената на царината за таква стока била десет пати поголема.

Во минатогодишната акција на надлежните органи при претрес на фирмите на струмичкиот бизнисмен Крмзов беа најдени дијаманти, пари во кеш, наводи за даночни затајувања, двојни уплати.

По пропаѓањето на Еуростандард банка , нејзиниот сопственик Трифун Косовски кажа дека загубата од над 60 милиони евра е последица на договори помеѓу бизнис кругот на тогашниот премиер Зоран Заев и раководството на банката.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ