Активни се пожарите на планината Голем Готен и Малешевските Планини кој е распространет на територијата на три општини – Василево, Радовиш и Берово; не е изгаснат и пожарот во атарот на селото Бешиште, Прилеп; и пожарот помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Прилеп) и Галиште и Трстеник (Кавадарци) е активен.
Под контрола се два пожари на територијата на Општина Македонски Брод, кај селото Грешница и помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа; во Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце; кај селото Јунузлија, Општина Карбинци и кај селото Ќосевица, Општина Македонска Каменица.






