понеделник, 15 декември 2025

Утрово 7 активни пожари и 7 под контрола

Утрово, според информациите на Центарот за управување со кризи, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, седум се под контрола, а 19 пожари се изгаснати.

Објавено на

часот

Сподели

Веќе неколку дена активни се пожарите на територијата на општините Василево, Радовиш и Берово, кај село Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини, кај селото Бешиште, Прилеп, пожарите на територијата на општината Македонски Брод, нискостеблеста шума гори кај Драгоево и Селце, Штип, кај Нивичани, Кочани, Карбинци – село Јунузлија и кај селото Гумалево, Зелениково.
Под контрола се пожарите кај Прилеп (меѓу селата Царевиќ и Смолани), Македонски Брод (кај селото Латово, кај селата Локвица и Крапа, кај Грешница), Ресен кај Долно Перово и Желино (меѓу селата Церово и Групчин).
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ