недела, 14 декември 2025

Утрово активни 4 пожари – гори депонијата Дрисла, во Никуштак, Булачани, во Струшко…

Вкупно 29 пожари на отворен простор се евидентирани низ држававав утрово до седум часот, соопшти Центарот за управување со кризи. Од оваа бројка, всушност 4 се активни, два под контрола, а изгаснати се 23 пожари. 

Објавено на

часот

Сподели

Активни пожари има на депонијата Дрисла во општина Студеничани, кај село Никуштак во општина Липково, село Булачани во општина Гази Баба и кај село Татеши и населбата Елен Kамен во општина Струга.

Под контрола се пожарите во општините Берово и Струмица. Кај село Русиново, опожарени се дабова, букова шума и папрат. Во село Куклиш опожарена е депонија. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ