понеделник, 8 декември 2025

Утрово – 1 степен во Берово, максималната дневна температура и до 23

Во  Берово минималната утринска температура изнесувала минус еден степен Целзиусов, во Струмица , Тетово и Демир Капија 3 степени, Скопје–Петровец, Крива Паланка, Битола и Гевгелија Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, Маврови Анови и Лазарополе – 5 степени. Шест степени во Скопје–Зајчев Рид и Куманово, 7 во Охрид, Претор и Попова Шапка, 8 во Виница и Крушево

Објавено на

часот

Сподели

Изутринава по одделни котлини има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени. Во Скопје, наутро во делови од котлината со појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ