Најмногу снег има на Попова Шапка, со снежна покривка од 86 сантиметри.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне, по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.






