петок, 23 јануари 2026

Утринските температури ја надминаа нулата, сообраќајот се одвива по влажни коловози

Минималните температури денеска се над нулата во цела држава. Најладно е во Гевгелија каде утрово се измерени два степена, а најтопло во Битола каде утринската температура е 12 степени. Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Објавено на

часот

Сподели

За денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време со повремен локален дожд и наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17 степени.

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од Авто мото сојузот на Македонија потсетуваат дека во сила е законската обврска за носење зимска опрема во возилата која трае до 15 март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ