Како што соопшти изутринава Управата за хидрометеоролошки работи во Битола се измерени 0 степени, во Прилеп, Тетово, Маврови aнови – еден степен, во Крива Паланка, Берово, Велес, Кавардарци, Kрушево, Лазарополе – два степена, во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Охрид, Претор – три степени, во Штип, Виница, Демир Капија – пет степени.
Наврнатиот воден талог во Пожаране, Лазарополе, Пожар во изминатите 24 часа изнесува еден л/м2.
Висината на снежната покривка до седум часот изутринава на Попова Шапка изнесува 29 сантиметри, додека во Mаврови aнови девет сантиметри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во текот на ноќта претежно во југоисточните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од седум до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до десет степени.






