„За да се спречат евентуални несакани последици се известува населението од селата Стамер, Град, Вирче, Тработивиште и Разловци дека во определениот период од 08:00 часот, во поширокиот реон на стрелиштето се забранува секакво движење на луѓе и вршење на било каква работа и испаша на домашни животни“, информираа од РЦУК Делчево.
Апелираа граѓаните да се придржуваат до предупредувањето.