понеделник, 15 декември 2025

Утре вработените во Управата за матични книги ќе штрајкуваат

Утре вработените во Управата за водење на матични книги ќе бидат на своите работни места, но нема да ги извршуваат работните обврски во знак на револт поради неисполнување на ветувањата од надлежните и непотпишување на колективни договори, најавија од Независниот синдикат на Управата.

Објавено на

часот

Сподели

Доколку не се исполнат ветувањата изјавија дека не се исклучува можноста и за генерален штрајк.

Насер Џемаили-потпретседател на Независниот синдикат на Управа за водење на матични книги вели дека неама каде да одат, дека никому не му е гајле за вработените во Управата за водење матични книги. „Досега немаме никакви информации за нашите барања. Апелирам до сите институции кои имаат влијание. Ние како Управа сме една од најважните управи, но утре без изводи, без запишување на бракови“.

Претседателот на КСОМ посочи дека иако не сакаат да се случуваат блокади и притисок кај граѓаните, според Марјан Ристески вработените во Управата се приморани на ваков чекор.

Марјан Ристески-претседател на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија вели дека било разговарано и со раководството на Управата за водење на матични книги и со министерот за дигитална трансформација и со советникот на премиерот… „Ни беше ветувано-пред избори, после избори, чекаме секој момент… Меѓутоа принудени сме на една ваква постапка.“

Според потпретседателот на независниот синдикат на Управата, истата има околу 350 вработени, а земаат минимална плата. Тој посочи дека имаат потреба и од нови вработувања, бидејќи недостасувале над 90 работници. Сѐ почесто се случувало одлив на кадар, а причината била минималната плата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ