Поради атлетска трка утре во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим во општина Аеродром.
„Утре во периодот во 07:30 часот до 10:30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар Јане Сандански при што натпреварувачите ќе се движат на дел од булеварот на десната коловозна лента гледано во насока на движење исток-запад на потегот од крстосница со булевар Србија и булевар Видео Смилевски Бато до крстосница со улицата Владимир Комаров, на дел од улица Васко Карангелевски во двете насоки на движење на потегот од крстосницата со булеварот Јане Сандански до крстосница со булевар АСНОМ и на дел од булевар АСНОМ на десната коловозна лента гледано во насока на движење исток-запад на потегот од крстосница со булевар Киро Глигоров“ и булевар Србија до крстосница со улица Васко Каранѓелевски во Скопје. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници“, информира Министерството за внатрешни работи.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.