сабота, 28 март 2026

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка

Во Скопје утре од 10 часот ќе има посебен режим на сообраќај поради атлетска трка, соопшти МВР.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

„Утре со почеток во 10 часот, во Скопје, ќе се одржи атлетска трка на 10 километри со траса на движење од Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св.Пантелејмон и обратно“, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи посочува дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ