недела, 5 април 2026

Утре после 12 пак ќе има затворени улици низ Скопје поради протест

Министерството за внатрешни работи информира дека утре со почеток во 12:30 часот од страна на група граѓани ќе се организира протестен марш како израз на незадоволство поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит.

Објавено на

часот

Сподели

„Протестот ќе биде со траса на движење од пред плоштад „Карпошово востание“ ул.„11-ти Март“ преку Камени мост, продолжува по ул.„Никола Вапцаров“ и завршува на ул.„Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.“, информираат од полицијата.

СВР Скопје-Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ