Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, соопшти МВР.
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје
Поради одржување на настан за одбележување на празникот 2 Август, утре (сабота) со почеток во 9 часот па се до завршување на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Скопје. За сообраќај ќе биде затворен делот пред зградата на Собранието на Македонија и тоа од булеварот „Кочо Рацин“ до улицата „11 Октомври“ (кај зграда на Црвен Крст) и крстосницата од „Филип Втори Македонски“ до улицата „Кеј 13 Ноември“.

Објавено на
часот





