„Утре со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар Борис Трајковски ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу Алкалоид и АЕК. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците кон и околу спортскиот центар“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници и апелира до граѓаните во наведениот временски период доколку немаат потреба да не ги паркираат возилата во близина на спортскиот центар.